(ВИДЕО) Дрвокрадци фатени на дело на Плачковица - шумската полиција ги фати лицата кои пустошеле во радовишко

Заменик-директорот на „Национални шуми“, Кире Михаилов на Фејсбук денеска сподели видео од акција каде на лице место се фатени дрвокрадци како пустошат на Плачковица.

„Конечно на лице место фатени дрвокрадци кои пустошат на радовишка Плачковица! Заедно со Шумската Полиција од ПС Скопје денеска на лице фативме дрвокрадци кои изминатиов период правеа партал во Радовишко“, напиша Михаилов во објавата.

Посочи дека одземени биле две моторни возила, една моторна пила и други средства кои ги користеле денеска дрвокрадците.

„Сторителите се идентификувани и против нив веднаш ќе бидат поднесени кривични пријави“, истакна Михаилов, порачувајќи дека нема недопирливи.