(ВИДЕО) Драма синоќа во Чачак - публиката ја нападна пеачката Ана Бекута: Фрлаа снежни топки кон неа, а еве што велеше таа на тоа!

На настапот на Ана Бекута по повод дочекот на православна Нова Година во Чачак синоќа се случи инцидент, кога неколку собрани демонстранти фрлаа снежни топки кон пејачката.

Неколку луѓе во толпата фрлаа снежни топки кон пејачката за време на концертот.

Бекута беше упорна и сакаше да си ја заврши работата што е можно поправилно. Пееше и покрај звукот на вувузелите и свирчињата. Во еден момент, пејачката им се обрати на присутните кои ја попречуваа нејзината работа.

– Срам да ви е! Дали имате мајка? Дали имате сестра? Дали имате баба? Срам да ви е! Каде е полицијата овде? Дали полицијата прави нешто? Нема повеќе да пееме и свириме, им велеше Бекута.

Според некои објави, пејачката продолжила со пеење од комбето на музичарите, без да биде присутна на бината.

Наводно, жителите на Чачак биле револтирани поради цената на нејзиниот настап, за кој биле одвоени околу 40.000 евра.