
Таткото на младиот математичар и генијалец Македон Димитровски, Владимир сподели видео објава од Македон каде тој уште на само шестгодишна возраст го покажува својот неверојатен талент и љубопитност кон светот.
„Додека другите деца играа со играчки, тој со восхит зборуваше за планетите, вселената и магијата на бројките. Од мали нозе беше јасно дека пред нас расте посебен ум — дете со големи соништа, знаење и визија“, вели таткото Владимир во објава на социјалните мрежи.
Тој истакна дека денес неговите успеси се само продолжение на таа рана страст кон науката и математиката.
„Горди сме на патот што го градиш, Македон — иднината е твоја“, му порача Владимир на својот син во објавата.