
Основниот суд во Тетово донесе пресуда со која возачот Менсур Пајазити е осуден на две години затвор за сообраќајната несреќа во која трагично загина 22-годишната Теодора Ристевска од Тетово. Несреќата се случи во август 2022 година, но судскиот процес траеше повеќе од две и пол години, оставајќи ја нејзината фамилија во неизвесност и болка.
Ева Ристовска, сестра на Теодора праша:
Колку вреди животот на сестра ми, дали животот некој може да и го врати. Дали нејзината младост може некој да ја врати. Мојата младост дали може некој да ја врати. Мојата душа дали може некој да ја врати?
Eва Ристовска, сестра на Теодора, низ солзи, рече дека казната од две години нема да ја врати жртвата, ама ќе ја олесни маката на семејството.
Таа праша, како да запали свеќа на гробот на нејзината сестра и да и каже да биде задоволна со казната.