
Германецот Фин Ватчов кој живее во Македонија воодушевен од прославата на Велигден во Бигорскиот манастир.
Несомнено, некои други многу повеќе се импресионирани од религиозните обреди и традиционалните обичаи на Македонија, отколку самите Македонци понекогаш. Таков е случајот со младиот Германец кој веќе три години живее во Македонија и ги истражува сите нејзини делови.
За големиот христијански празник Велигден, Фин беше дел од прославата во прочуениот Бигорски манастир од каде сподели видео од полноќната литија околу храмот.
„Магично е “ - напиша тој на македонски јазик во описот на видеото.
Фин е момче од кое треба да учиме како да си го сакаме цениме нашето богатство, и духовно и материјално!
Фото: Инстаграм/Бигорски манастир