
Здружението „ЛИНА - Спаси живот, добиј живот,помогни на животните" синоќа сподели видео објава од маж, кој додека снима кучиња во градот се заканува со нож.
Во натписот над објавата, тие го посочија авторот на видеото со име и презиме и апелираа до Министерството за внатрешни работи (МВР) веднаш да го уапси ова лице.
„Лицето Александар Кавдар (Битола) кој со нож се закануваше кон кучињата кои го поминале хуманиот третман од страна на Хачико - Прифатилиште за кучиња Битола, воедно намерно ги провоцираше кучињата кои не покажуваат агресивност, напротив мавтаат со опашките што е знак на социјализација. Лицето за да изрежира напад кон самиот себе, бил нарко зависник кој среде бел ден, носи ладно оружје и претставува закана по животот и безбедноста и по луѓето и животните“, обвинуваат од „ЛИНА“ во објавата.
Од „ЛИНА“ исто така објаснуваат дека поради наводните упатства од страна на лица кои јавно се прикажувале на социјалните мрежи, наведувајќи ги луѓето да извршат кривични дела - решавање на бездомните кучиња, во овој случај закана со нож, и апелираа ова лице веднаш да биде уапсено од страна на МВР, поради, како што велат, ширење омраза, со заканувачки пораки со што претставува опасност по безбедноста на граѓаните и животните.