Нашата позната пејачка и еден од најдобрите вокали на макеоднската музичка сцена Андријана Јаневска со емотивна изведба на хитот на дуото ДНК.
„Еден од најтешките настапи во мојата кариера… ‘Ако утре ме нема’ од ДНК ја изведов во придружба на Битолскиот камерен оркестар и Благојче Трајковски на кларинет“, напиша пејачката Андријана Јаневска на социјалните мрежи и објави снимка од настапот каде запеа во чест на загинатиот колега Андреј и повредениот Панчо во несреќата во кочанската дискотека.