Видео: Алармантни сцени од Лозани, огнот се спушти до куќите

Алармантни сцени од село Лозани, во општина Могила.

Огнот се спушти до првите куќи, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Снимките покажуваат колку пожарот се приближил до населеното место, додека опасноста за домовите и жителите расте.

Ситуацијата на теренот внимателно се следи. Во моментов најважно е да се заштитат куќите и луѓето кои живеат во близина на пожарот.