
Низ социјалните мрежи кружи видео кое за многумина е „урнебесно“, но и за многумина, во исто време, претставува опасност за учесниците во сообраќајот, како и за самите „главни актери“.
Имено, на видеото може да се забележи како коњ трча по лице кое пред него се вози на електричен тротинет.
Според наводите, видето е снимено во Злокуќани.
За ситуацијата да биде поиронична, сцената од видеото е снимена токму во непосредна близина на камерите на системот „Безбеден град“.
Ако мислевте дека имате видено се .... pic.twitter.com/KaypU8pMuC
— General Brioni (@TinoBeBrat) September 7, 2026