Видео: Аеродром доби две нови спортски игралишта

Минатата недела во основното училиште „Љубен Лапе“ официјално беа пуштени во употреба две нови, модерни спортски игралишта, наменети за дечињата од ова основно училиште.

Општина Аеродром со ова доби нови спортски терени кои веќе се почетна точка за многу спортски таленти кои се градат во Аеродром.

Градоначалникот Муцунски кој се обрати на настанот потенцираше дека станува збор за едно од најголемите основни училишта во Аеродром и во Скопје, каде уште oпштината ја потврдува заложбата за подобрување на воспитно-образовниот процес, учење на младите на здрави навики и создавање здрава иднина за новите генерации.

-Една од нашите цели кога градиме нови спортски терени и инвестираме во спортот е да ги натераме младите повеќе да спортуваат, а овие спортски терени да бидат местото каде ова и секое наредно лето ќе се слуша џагорот од детската игра и среќа, нагласи Муцунски во своето обраќање.

Изминатиот викенд, неколку дена по официјалното пуштање во употреба двата спортски терени веќе се локацијата се градат и создаваат новите спортски таленти во Аеродром. Место каде се слуша детскиот џагор и детската среќа.

Општина Аеродром останува посветена на создавање подобри услови за спорт и рекреација на најмладите. Континуираните инвестиции во нови спортски игралишта се директна инвестиција со која се создаваат услови поздрава и поактивна младина.