Viber додава услуга за онлајн шопинг

Популарниот мобилен инстант месинџер Viber ќе предложи шопинг искуство, соопштија од развивачот. Новата функционалност ќе им овозможи на корисниците да купуваат директно од апликацијата.

Воведувањето на слична функција, првично во САД, го обележува првиот чекор во насока на трансформација на Viber од платформа за разговори кон таква за секакви мобилни услуги. Функцијата за електронски шопинг ќе стане достапна од почетокот на март, кога корисниците ќе откријат во апликацијата производи и брендови од интерес, директно во панелот за пораки.

Viber ќе позајми „знаење“ во е-трговијата од јапонската компанија Rakuten, кон чие семејство припаѓа. Бета верзијата на „Instant Shopping“ првично ќе биде достапна само во САД, а до крајот на годината се очекува постепено услугата да влезе и на останатите пазари.

Шопингот е една од најпопуларните активности во мобилните уреди. Последни студии покажуваат дека повеќе од половина сопственици на смартфони ги користат своите телефони за шопинг, откако 66% од нив го прават тоа барем еднаш неделно. Свесни за тоа, Viber додава функција за шопинг преку телефон.

Се ќе се случува на едно место – од пребарување, споделување и дискусија за купување, до директна комуникација со брендот и избор на производи. Корисниците можат да започнат со шопинг со притискање на едно копче во рамките на панелот за разговори. Апликацијата им нуди различни марки и стока, од кои да избираат, да ги споделат и да дискутираат во чат и на крајот да отидат на сајтот или апликацијата на трговецот, каде ќе го завршат купувањето.