Вежба за дишење која ќе ви го подобри расположението

Правилното дишење и издишување е цела наука, а ние често забораваме да дишеме онака како што треба.

Photo by Conscious Design on Unsplash

Но, треба да знаеме дека тоа значајно влијание на нашето тело. Ако на пример сме во состојба на стрес, ние дишеме плитко, а кога сме радосни, нашите бели дробови се прошируваат. Исто така, дишењето е плитко и кога имаме некоја повреда, па во тој случај, свесни сме на болката која ја имаме и тешко дишеме. Но, ако тоа продолжи на долг рок, може да предизвика големи проблеми за нашето здравје.

Затоа, без оглед на тоа со што и да се соочувате, потрудете се да дишете соодветно бидејќи тоа не само што ќе ви го подобри расположението, туку и ќе ви помогне да се соочите со болката (ако ја имате).

 Пробајте ја оваа вежба:

Легнете на грб во положба која ви одговара, а потоа ставете ги рацете на стомакот и затворете ги очите. Замислете дека рацете ви се тешки и дека имате балон во стомакот. Вдишете како да сакате да го надувате балонот, а потоа до крајот издишете. Не брзајте никаде, но бидете свесни за тоа како дишете.

Повторете го ова 4-5 пати. На крајот згрчете се во положба на фетус и продолжете да дишете нормално. Опуштете го телото. На крајот, раширете ги нозете и рацете и истегнете се.

Оваа вежба е одлична за сите нас, а најдобра е за опуштање по долгиот и напорен ден.