
Гореа депонии во околината на Скопје, а градоначалничката Данела Арсовска ниту се огласи официјално, ниту се појави на терен.
Арсовска последен пат на својот фејсбук профил се огласи со честитка по повод 8. септември - Денот на независноста.
Се организират протести, оние кои имаат можност го напуштаат градот - скопјани се загрижени за сопственото и здравјето на блиските, но и воопшто за функционирањето во магла и чад. За тоа време Арсовска ја нема ниту да се појави во јавноста, ниту да испрати соопштение преку службите, а камоли да свика вонредна прес-конференција.
Градоначалничката пред почетокот на својот мандат вети дека ќе ги исчити сите диви депонии во Скопје.
– Од првите денови од мандатот работиме на реализација на проектите чии што рок на имплементација се токму 82 дена, а чистење на дивите депонии е еден од клучните приоритети. На дел од овие локации се предвидуваат нови зелени површини, а скопјани ќе добијат чиста, зелена и модерна европска метропола – изјави Арсовска при денешната контрола на активностите на терен, гласи нејзината изјава во однос на ова болно прашање за Скопје, дадена во ноември 2021 година.
Со санацијата на дивите депонии на подрачјето на Скопје каде вообичаено се согорува отпад, значително ќе се придонесе за намалување на аерозагадувањето, како и ќе се елиминира потенцијалната опасност од загадувањето на подземните води и почвата, беше пораката тогаш.
Во 2022 година, градските власти ја исчистија депонијата на кејот на реката Вардар кај железничкиот мост, меѓу населбите Горно Лисиче и Трубарево. На оваа локација беа собрани 4.000 кубни метри отпад и градежен шут на површина од 13.000 метри квадратни. Оттогаш што и како се натрупувало, не се знае.
На „Твитер“ досетливи:
Да не е киднапирана Данела Арсовска, а не сме известени ? Какви промашени 4 години со неа на чело на Скопје.
— Shelby (@LawBoy30) September 14, 2025