Весна Петрушевска утре во градскиот парк во Скопје ќе биде дел од „Розов Пикник“ каде ќе говори за својата борба со ракот.
- Со голема чест ви најавуваме дека на Розовиот Пикник свое обраќање ќе има Весна „Бејби“ Петрушевска – Икона на нашата уметничка сцена. Во борбата против ракот на дојка, таа не е само сведок. Таа е симбол на храброст, поддршка и инспирација за сите жени. Со својата емпатија и посветеност, ја носи пораката дека животот, без разлика на предизвиците, вреди да се живее со полна енергија, се вели во поканата од здружението ЕЗРА.
„Розовиот Пикник“ ќе се одржи утре, 5 октомври, во 11 часот, на Школка, Градски Парк.
- Храброста се истакнува преку личните битки кои ги водиме зад сцената! - велат од здружението.