Весна Петрушевска на инстаграм за Тоше: Верувам дека љубовта е посилна од смртта. Твојата љубов!

Единаeсет година по смртта на Тоше Проески тагата не само што не стивнува, туку спомените се повеќе и повеќе ја разговоруваат болката. На социјалните мрежи синоќа се огласи Весна Петрушевска.

Таа на инстаграм напиша:

„најсакан мој Ти,
за мене оној 16ти октомври е секогаш ден порано.Поминаа единаесет години од оној мрачен и маглив вторник.Таму каде беше…тука сончев и топол ден.Се сеќавам на ладниот ветер, не знам зошто. Првата мисла кога слушнав е дека никогаш нема да те видам и да те гледам насмеан и распеан. И утре е вторник….Мислев едно време дека со годиниве ќе спласне тагата, ќе се замагли споменот.Нема врска! Исто е како оној вторник.Те чувам и те слушам.Ќе ги слушнат и новите песни…ама знам дека фантазијата е пожестока од знаењето,сонувањето за кое зборуваше е вистина, надежта која ја делеше наоколу е најголемата победа и покрај сите муабети што ги слушаше за себе, а смеата која ја слушам ден денес е најголема утеха за тагата.Верувам дека љубовта е посилна од смртта. Твојата љубов!
Ми фалиш…онака под око да погледнеш и да гушнеш силно.“