По кратко боледување, на 61-годишна возраст почина актерката Јулијана Стефанова, која целиот работен век беше вработена во Народниот театар – Битола.
Стефанова играше во многу претстави, а јавноста најмногу ја паенти во „Аудиција“, „Аждер“, „Малограѓанска свадба“…
-Пред неколку часа не напушти еден прекрасен човек, Јулијана Стефанова, актерката која штом ќе се појавеше на сцената веднаш предизвикуваше насмевка на лицата од публиката. Нејзиниот актерски хабитус беше мек и топол, специфичен по тоа со каква леснотија ги правеше работите на сцената. А зад сцената беше уште потопла и голем другар, објави Народен театар Битола.
Од својата колешка се прости и Весна Бејби.
-Јуле љубов моја битолска што стори. Јуле беше лик што беше обврзно да ја познавате. Каков лик, харизматична актерка и голем другар...со неа никогаш не бев тажна, насмеј ги ангелите Јулче, напиша Весна Петрушевска на својот фејсбук профил.