Денес, православните верници го празнуваат еден од најголемите и најзначајните светители – Свети Јован Крстител, кој се слави на 20 јануари. Овој празник е еден од најчестите именувани слави во православната традиција, а во негова чест се одбележуваат дури седум празници.
Свети Јован Крстител е неразделно поврзан со празникот Богојавление, кој се слави ден претходно, на 19 јануари. Токму на овој ден, Свети Јован го извршил крштевањето на Исус Христос во реката Јордан, кога и му беше објавено на светот дека Христос е Син Божји. Денот по Богојавление е посветен на Соборот на Свети Јован, кога верниците се собираат во црква за заедничка молитва и славење во негова чест.
Роден шест месеци пред Исус Христос, Свети Јован Крстител е син на Захарија и Елисавета, кои долго време немале деца. Неговото раѓање, кое се одбележува на 7 јули, донело голема радост и благодарност кон Бога.
На 6 октомври се празнува зачнувањето на Свети Јован како симбол на Божјата милост, чудо и мудрост. Божјата милост кон старците Захарија и Елисавета, чудото на зачнувањето и Божјата мудрост во планот за спасение, го поставиле Свети Јован како Пророк и Претеча на Исус Христос.
Исклучителната значајност на Свети Јован е одбележана и со повеќе празници поврзани со настаните од неговиот живот и мачеништво. Неговото мачеништво и обезглавувањето, се одбележуваат на 11 септември, кога Црквата се сеќава на неговата жртва за верата. Остатокот од неговото тело е погребан во Себасти, додека неговата глава подоцна била пронајдена и пренесувана на неколку места, што се празнува на 9 март и 7 јуни.
Овој ден е посветен не само на сеќавање, туку и на зајакнување на пријателствата и кумствата, следејќи го примерот на Свети Јован, како Крстител на нашиот Спасител.