Верижен судир утрово во скопски Аеродром

Верижен судир утрово беше причина за отежнат сообраќај на Булеварот Србија во скопската општина Аеродром. Како што пренесува порталот Прес24 во сообраќајната несреќа учествувале најверојатно четири автомобили кои се удриле еден во друг пред семафорите на раскрсницата кај споменикот на Јане Сандански.

Нема информации за повредени лица, но причинета е значителна материјална штета. Полицијата веднаш пристигнала на терен и извршила увид и отстранување на возилата од коловозот.

Се очекуваат официјални детали од МВР.