Верижен судир создаде огромен метеж – избегнувајте го овој дел од Скопје

Голем сообраќаен метеж попладнево се создаде на улицата „Индустриска“ во скопската населба Автокоманда, по верижен судир во кој, според информации споделени на социјалните мрежи, учествувале камион и две возила.

Граѓани информираат дека на местото на несреќата има полициско присуство, а сообраќајот се одвива отежнато во правец кон Автокоманда и Ново Лисиче.

„Избегнувајте го делот кај Годи, судар камион и две коли, има полиција“, стои во една од објавите.

Според сведоштвата на граѓаните, колоните возила се протегаат сè до делот кај ОКТА.

„Голема гужва е уште, правец кон Автокоманда, споено е до Окта Ново Лисиче“, наведуваат граѓаните.

Засега нема официјални информации за евентуално повредени лица, ниту за причините за сообраќајната несреќа.