Венера во Рак до 7 јуни: Време е да ја сретнеме својата сродна душа

Венера влезе во Рак на 7 мај, а таму ќе остане до 4 јуни.

Photo by Etienne Girardet on Unsplash

Ова е период кој е одличен за љубов, велат астролозите. 

Венера е позната како планета на убавината на љубовта и убавината, таа носи желба да ги подобриме работите во нашиот живот, но и ни носи поддршка на овие полиња.

Акцентот ќе биде на љубовта. Важно е како и со кого ќе го минувате своето слободно време. Потрудете се да излезете меѓу луѓето, да запознавате нови луѓе. Венера е позитивна и поттикнува зближување, топлина и љубов.

Време е да престанеме да ги криеме своите чувства и да бидеме искрени кон другите. Освен романтичната страна, Венера во нас ја буди и љубовта и нежноста кон нашите блиски, а ни носи и убава енергија на поврзаност. Дајте им помош и поддршка на луѓето околу вас, а за возврат не барајте многу. Не поставувајте услови.

Вистинската љубов е безусловна. 

Ако во овој период ви надојдат негативни емоции, излезете во природа и дишете длабоко. Ова е и одличен период за прошетка. Венера го сака сето она што е поврзано со водата.

Што ги очекува хороскопските знаци?

Овен

Во текот на следните неколку недели, ќе имате поттик да се навраќате на минатото. Искористете го овој период да ги истражите сите тајни кои можеби се кријат под површината. Некои Овни ќе посакаат да ја откријат вистинската смисла на домот.Поминете време  со луѓето кои ви се драги, разубавете го просторот во кој минувате највеќе време  и изненадете ги оние кои ви значат. Само имајте на ум дека важно е да останете во сегашноста. Колку и да гледате назад на минатото, знајте дека не живеете таму. 

Бик

Во текот на следните неколку недели, ќе забележите дека луѓето ви обрнуваат повеќе внимание. Од обични секојдневни разговори со колегите, разговори со непознати, до нежност од оние кои ви значат. Ова е убав период за родените во овој знак. Не размислувајте премногу, само препуштете се на убавината на малите моменти. Дајте им шанса на оние на кои им се допаѓате.

Близнаци

Во текот на следните неколку недели, Близнаците се фокусирани на градење мрежа на луѓе со кои можат да се поврзат и да уживаат во различни аспекти од живеењето. Време е за создавање спомени.

Рак

Со Венера во вашиот знак, вие сте знак кој дефинитивно ќе ја најде својата сродна душа до 4 јуни. Но, ако веќе сте во врска или брак, тогаш веројатно во текот на следните неколку недели, ќе се најдете во ситуација да уживате во сите убави нешта околу вас. Не е дека досега не го правевте тоа, но сега Венера ги интензивира вашите сетила. Уживајте во секој сладок миг.

Лав

Овој период ќе биде сонлив и сладок за Лавовите. Ќе се фокусирате на убавите нешта и ритуали кои прават да се чувствувате посебно. Во овој период, ќе си бидете себеси на прво место. Уживајте во сите мали нешта кои ќе ги направите за себе.

Девица

Во текот на следните недели недели, Девиците ќе чувствуваат неверојатна нежност. Без оглед на тоа дали сте во врска или не, вашиот однос кон другите луѓе ќе се смени на подобро. Ова е одличен период да ги искажете своите чувства некому. 

Вага

За Вагите, овој транзит е во знакот на кариерата. Ќе бидете обожавани на работното место, а вашите идеи со леснотија ќе бидат прифатени од другите. Затоа, ако досега чувавте во фиока некоја идеја, сега е најдобриот момент да ја претставите пред другите. Не се плашете од грешки, ова е време кое најавува големи успеси.

Шкорпија

За Шкорпиите, овој транзит ќе биде како слатко патување. Сега сте магнет за нови пријатели, а успевате да ја проширите својата перспектива на животот и љубовта. Не им го вртете грбот на оние луѓе кои се појавуваат во овој период. Наместо тоа, дајте им шанса да ве воодушеват. Отворете ги прозорците од своето срце.

Стрелец

Во текот на следните неколку недели, вашите партнерства ќе бидат исполнети со злато. Без оглед на тоа дали станува збор за бизнис соработка или пак пријателства, соберете го најдоброто од сето тоа. Ако чувствувате носталгија или потреба да се вратите на некои луѓе од минатото, пробајте да ја утврдите причината за тоа.

Јарец

За родените во овој знак, овој период е одличен да ја покажете љубовта која ја чувате во себе. Вашите односи ќе се подобрат до 4 јуни, а ќе забележите колку се вложувате во контактот со другите луѓе. Тоа ќе го подобри вашето расположение.

Водолија

Во следните неколку недели, обрнете внимание на луѓето кои се тука за вас. Обрнете внимание на начинот на кој тие ви даваат поддршка и како пристапуваат на вашите проблеми кога ви е потребна помош.

Риби

За Рибите, ова е одличен период исполнет со задоволство. Ставете приоритет на активностите кои ве прават среќни. Кога сте задоволни одвнатре, вие сте најдобрата верзија од себе.