Венера во Близнаци: Што го очекува вашиот знак на полето на љубовта до 7 август?

Венера најмногу влијае на нашиот љубовен живот. Дознајте што го очекува вашиот знак до 7 август.

Овен

Конечно ќе можете да и кажете на саканата личност што ви пречи и што ви недостасува во врската, а да не дојде до конфликти. Ако сте слободни а заминете на кратко патување, можно е да запознаете интересна личност. Потребен ви е некој кој е комуникативен, забавен, а можеби и помлада личност од вас.

Бик

Ќе имате поддршка од саканата личност за сите работи што сакате да ги постигнете, особено на полето на работата. Конечно ќе се чувствувате сакано и среќно. Ако немате партнер, можно е да се двоумите меѓу 2 личности.

Близнаци

Без оглед на тоа дали сте зафатени или слободни, Венера во вашиот знак ви носи среќа до 7 август. Уживајте во љубовта. Ако сте слободни, конечно ќе можете да се видите со личноста со која долго се допишувате. Немојте да седите на 2 столици.

Рак

Постои можност за тајна врска или авантура. Ако сте зафатени, немојте да криете ништо од саканата личност, туку потрудете се да бидете отворени и искрени.

Лав

Ако сте зафатени, најдобро би било да се дружите со пријателите, но да не ја занемарувате саканата личност. За некои Лавови можно е да дојде до крај на врската, но ако тоа се случи, треба да знаете дека така требало да биде. Ако сте слободни, можно е ново познанство, но долго ќе се двоумите со кого сакате да бидете.

Девица

Ако сте слободни, можно е ново познанство преку работа. Можно е повеќе личности да ви се допаѓаат во исто време, но ќе ја изберете онаа со која имате најдобра комуникација. Зафатените Девици не треба да се трудат да го направат партнерот љубоморен. Што и да имате намислено, нема да ви успее. 

Вага

Ова лето ќе бидете среќни и задоволни во љубовта. Важно е да ја промените малку средината, ако е тоа можно за вас. Слободните ќе запознаат интересна личност која не е од вашето место на живеење.

Шкорпија

Ова лето, ќе имате силна страст. Нема да ви биде лесно да ја изберете личноста со која сакате да бидете, а ќе има повеќе. Не носете нагли одлуки.

Ако сте во врска, работете на страста. Можни се кратки патувања.

Стрелец

Не морате да се грижите ова лето, бидејќи Венера во вашето поле на партнерства останува до 7 август, така што ќе се заљубите повеќе пати. Можеби нема да најдете така лесно личност што ви одговара, но крајот на летото ви носи убав финиш.

Јарец

Партнерот може да ви замери што го запоставувате поради вашите обврски. Најдете време за приватниот живот, тоа ви е исто така важно. Ако сте слободни, можно е ново познанство преку работа кое ќе прерасне во нешто поголемо.

Водолија

Забавно е ова лето за вас. Венера во вашето поле на врски прави да флертувате наоколу и да се заљубите. Лесно и брзо ќе стапувате во контакт со нови личности кои ви се допаѓаат. Ако сте зафатени, ќе морате да направите промена во врската за да ја одржите љубовта.

Риби

Малку ќе бидете бавни, но за вас ништо нема да се менува во љубовта. Ќе ви оди добро. Ако сте слободни ќе треба да излезете за да запознаете некој нов, наместо да седите дома постојано. Време е за акција, љубовни разговори и флерт.