Велосипедист удрил во пешак, мажот добил тешки повреди

На 25.01.2021 во 14.10 часот во Скопје на улица „50-та Дивизија“ велосипед управуван од засега непознато лице кое го напуштило местото на настанот удрил во пешакот А.Р.(47) од Скопје, информира МВР.

На А.Р. во ПЗУ „Аџибадем Систина“ му била укажана лекарска помош и му биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.