Велосипедист тешко повреден во Бутел

На 01.12.2020 во 13.50 часот било пријавено дека на бул.„Босна и Херцеговина“ во Скопје, патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Х.(23) од Скопје, удрило во велосипед управуван од Ф.Д.(60) од Скопје, информира МВР.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.