Велигденската трпеза годинава екстремно скапа, се жалат граѓаните

Празничната трпеза годинава ги чини граѓаните многу поскапо за разлика од претходните години. Во пресрет на Велигден, граѓаните велат дека цените на храната се превисоки и дека не секој може да си дозволи да купи месо, свеж зеленчук...

Најмногу реакции има за цената на зеленчукот и овошјето чии цени беа замрзнати. Килограм домати чини над 200 денари, килограм мандарини околу 100 денари, краставиците се продаваат по цена и од 180 денари за килограм, табла јајца од 250-300 денари, а свежите пиперки се веќе луксуз...

-Купивме од се по малку. Празник е, ни доаѓаат гости, но цените се страшни. Вака никогаш не било претходно, вели една скопјанка. 

-Зеленчукот и на пазарите е скап, не само во маркетите. Јајца мора да има за Велигден, за друго колку има толку, споделува друга домаќинка. 

-Трпезата ќе ни биде скромна, со оглед на цените. Сепак, за празник мора да има по малку од се, месо, вапсани јајца, салата, слатко..., вели една граѓанка.