Велигден без саканите

Без оглед на тоа дали е прв или втор Велигден, ништо веќе не е исто без оние кои веќе не се дел од нашиот живот.

Некои мигови се најтешки без оние кои биле дел од нашиот живот и тогаш сфаќаме дека некогаш недоволно ги цениме нашите сакани, додека се живи. Губењето на родител е тешко, но губењето на мајката е посебна болка, особено поради тоа што таа е личноста која ја подготвува и се грижи за Велигденската трпеза. 

Еден од најголемите христијански празници е Велигден, кога ја исполнуваме трпезата со смеа и радост и вкусни јадења. Но, овој ден е тежок кога мораме да го поминеме без блиските, без мирисот на храната на која сме навикнати, без топлиот пречек и нежната прегратка. Болката е голема, но не смееме да дозволиме целосно да и се препуштиме. 

Не можеме да ги вратиме назад, но можеме да продолжиме со традициите и да ги спомнеме на овие големи денови. Колку и да е застарена некоја традиција или навика да го одржиме споменот за таа личност, преку практикувањето на нејзините навики. Да го исполниме домот со цвеќе кое со кое ќе го прославиме празникот, но и да се потсетиме на нивното постоење и спомените со нив. Да ја пуштиме нивната омилена песна, да гледаме стари фотографии и да наздравиме за животот, за неговата кревкост и за фактот дека никој не постои вечно, а најсаканите некогаш ги губиме во една секунда, не знаејќи дека тоа е последен пат кога ги гледаме. 

Можеме да тажиме до бескрај, но ништо нема да ги врати назад. Наместо тоа, можеме да се потсетиме на нивното име, на убавите спомени и да продолжиме да ги сакаме оние што се живи и се покрај нас, никогаш не земајќи го животот здраво за готово.