Велешанец се обидел да побегне од полицијата, проголтал бела прашкаста материја

Полициски службеници од СВР Велес на 11 октомври во 22:35 часот го лишиле од слобода 36-годишниот Т.А. од Велес, откако при полициска контрола се обидел да побегне.

Според информациите од МВР, на улицата „Благој Ѓорев“ било сопрено такси возило во кое се превезувал Т.А.

При обид полицијата да изврши преглед, тој се дал во бегство, но набргу бил фатен. Во тој момент, според МВР, проголтал бела прашкаста материја.

Поради тоа бил пренесен во Општата болница во Велес за укажување лекарска помош, по што бил приведен во полициска станица.

За случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.