Вечерва во „Борис Трајковски“ завршува годинашниот Таксират

Со одржување на главната вечер на Таксират вечер официјално ќе биде затворено годинашното, 24-то издание на музичкиот фестивал со осумчасовна концертна прослава и 12 музички изведувачи кои ќе настапат на две бини во арената „Борис Трајковски“.

Први на главната бина и задолжени за официјалното отворање на ова фестивалско финале ќе настапи  групата „Зад аголот“. Покрај нив, и тоа за прв пат во земјава ќе настапи британската трап-џез сензација „АЈ-ЕМ-ДИДИ-БИ“ и групата „СОДОМ“ од Германија.

Френетичната атмосфера годинава со енергичните каталонци „ЛА ПЕГАТИНА“, како и инди-поп тандем во регионов „БУЧ КЕСИДИ“ кои доаѓаат од Србија. Полноќниот дел од програмата е резервирана за артистите од електронската музичка сцена и тоа најпрво настапот на ди-џејот Нино Флудер. Сетот за затворањето на целиот фестивал е резервиран за германскиот техно великан БЕН КЛОК.

На втората, „Трапсират“ бината, паралелно ќе се одвива програмата со најзвучните претставници од домашната и регионалната трап сцена, а во листата на изведувачи се запишуваат Баша, Хиљсон Мандела, Јанг Дади, Принцес Донатсу и Донплеја.