Вечерва промоција на книгата „Љубов голема колку Скопје“

 Во фоајето на Националната опера и балет вечер од 19 часот ќе биде промовирана книгата „Љубов голема колку Скопје“ од Александра Тодоровиќ.

Издавачкиот центар ТРИ соопшти дека се работи за едукативна и интерактивна книга која ќе го поттикне љубопитството на децата.

-Во ова книжевно наоѓалиште ќе го истражуваме Скопје и една градска љубов за која долго време никој не чул. Александра Тодоровиќ веќе добро ги запозна децата и нивните желби со својата претходна книга „Мистериозниот град под калето“. Сега тој град ќе ни ги плени срцата со една поинаква приказна, најавува ТРИ.