Вечерва проекција на филм во рамките на проектот „Создаваме град, градиме иднина“

Вечерва во Домот на култура во Општина Ѓорче Петров ќе се реализира проекција  во рамките на проектот „Создаваме град, градиме иднина!“.

Проектот има за цел да ја зголеми транспарентноста и партиципативноста во процесот на урбанистичкото планирање на градот, преку серија јавни настани од мултимедијален карактер, чија основна цел е да поттикнат критичко размислување и да иницираат вклучување на локалната заедница во процесот на планирањето на просторот.

Тема на проектот е новиот генералeн урбанистички план за Скопје (ГУП за период од 2023 до 2032 година) кој е најважниот документ за планирањето на иднината на градот. Вечерва ќе се изврши проекција на интерактивен документарен филм кој ќе обработува повеќе локации од важечкиот ГУП (од 2012 до 2022 година) што веќе се предмет на дебата во јавниот дискурс.

Проектот „Создаваме град, градиме иднина!“ го реализира Меѓународно здружение на граѓани Културно Ехо-Скопје во соработка со здружението Ситископ - Скопје во рамки на проектот „Места на дарежливост - трансформативни станици“ на КСП Центар Јадро, со финансиска поддршка на Фондација Отворено општество - Македонија.