Вечерва прекин на водоснабдувањето на неколку улици на Водно

Поради повторно изведување на приклучок од Ф-150 мм на улица „Партениј Зографски“ 14 во населба Водно, без вода ќе бидат корисниците на дел од улицата и потегот од улица „Ѓорѓи Скрижевски“ до улица „Востаничка“.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 19 часот, се до изведување на приклучокот.