Вечерва пред Влада спонтан собир на граѓани кои се против францускиот предлог

Група граѓани организираат спонтан собир пред зградата на Владата во Скопје. 

Собирот е закажан за во 19 часот, а е со цел да се искаже револт од антимакедонскиот предлог на Франција за решавање на спорот со Бугарија, со цел да се забрзаат ЕУ интеграциите. 

Дел од граѓаните, на социјалните мрежи, веќе најавија дека ќе бидат дел од граѓанскиот собир пред Влада каде ќе им кажат „не“ на деструктивните политики.