Вечерва не се руши „Александар Македонски“, апелираат од Министерство за култура

Откако на социјалните мрежи почна да се шират шпекулации дека вечерва ќе се отстранува споменикот „Воин на коњ“ на плоштадот Македонија, а за тоа наводно бил донесен и специјален кран од Бугарија, се јави Министерството за култура.

Министерството за култура упати апел до граѓаните да не се вознемируваат бидејќи вечерва воопшто не се планирани никакви активности на плоштадот во центарот на Скопје и дека нема никаков план за рушење на споменикот на Александар Македонски.

Од министерството тврдат дека станува збор за ширење на лажни вести на социјалните мрежи со цел да се предизвика вознемиреност и тензии. 

„Почитувани сограѓани, немојте да потпаѓате под влијание на лажни вести дека се случува отстранување на споменици од Плоштадот Македонија во Скопје. На Плоштадот во Скопје не се планирани ниту се преземаат какви било физички зафати. Секоја друга поинаква информација е лажна вест“ велат од Министерство за култура.

cheap nike air max 90