Вечерва, Каролина Гочева ќе пее со цело Скопје

Вечерва, 1 јули, со почеток од 21:00 часот Каролина Гочева ќе ги распее душите на скопјани. Стадион на АРМ е местото каде што ќе се случува концертот, а картите се веќе пуштени во продажба.

Со најава за својот настап на почетокот на јуни, Каролина Гочева ги повика сите љубители на македонската музика и нејзините хитови да ѝ помогнат да го распее Скопје.

Каролина доби поддршка на социјалните мрежи од повеќе македонски музички ѕвезди, а баш денес Елена Ристевска сподели на својот инстаграм профил коку е возбудена за денешниот концерт на нејзината колешка.

Влезниците за настапот на Каролина Гочева се веќе во продажба и може да се купат од сите продажни места на Авалон продукција низ Македонија или онлајн.