Денеска во Градски парк – тревникот кај 8те чешми позади Вело Кафе со почеток во 11:00 часот, ќе се одржи фестивалот „Вдоми Љубов Фест“, еднодневен настан посветен на вдомувањето на кучиња и одговорното сопствеништво. Истио е во организација на Јавното претпријатие Лајка.
Фестивалот има за цел да го привлече вниманието кон важноста на вдомувањето, наместо купување миленичиња, и да ја приближи работата на Лајка до пошироката јавност.
Во рамки на програмата се предвидени:
-Две интерактивни игри со кучиња и нивните сопственици
-Модна ревија со кучињата на Лајка, стилизирани од дизајнерката Ирина Тошева, а сошиени од жените од КПУ Идризово
-Штанд за ветеринарни совети
-Совети од професионален дресер.