Вчера во Скопје две лица биле каснати од улични кучиња

Две лица од Скопје вчера биле каснаи од улични кучиња. 

На 18.05.2022 во 11.50 часот во Полициската станица Шуто Оризари, С.Р.(21) од Скопје пријавил дека на улица „Брсјачка буна“ бил каснат од куче скитник, стои во полицискиот билтен.

Исто така, вчера, во 21.30 часот во Полициската станица Гази Баба, А.Д.(65) од Скопје пријавила дека на улица „Лазар Поп Трајков“ била касната од куче скитник.