Вчера санкционирани над 150 возачи во Скопје

Во рамки на сообраќајните контроли на Министерството за внатрешни работи на територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден, изречени се вкупно 162 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 20 санкции.

Изречени се и осум мерки возење без возачка дозвола, пет санкции за нерегистрирани возила, 10 за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест за користење мобилен телефон при возење, четири мерки за недавање првенство на минување на пешаци…  

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.