Вчера санкционирани 175 возачи во Скопје, 65 за брзо возење

На територијата на град Скопје вчера се изречени вкупно 175 казни во акциската контрола на полицијата во областа на сообраќајот.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека за возење со брзина поголема од дозволената се изречени 65 санкции, 39 за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 17 мерки за возење без возачка дозвола.
Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, 16 санкции за возење под дејство на алкохол, пет мерки за нерегистрирани возила…

-Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопшти МВР.