Вчера пријавени шест случаи на семејно насилство - уапсени пет лица во Гостивар, Крива Паланка, Битола и Охрид

Вчера биле пријавени шест настани со семејно насилство и лишени од слобода биле пет лица во Гостивар, Крива Паланка, Битола и Охрид.

Од МВР споделија детали за сите шест случаи.

Синоќа во 22:30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ј.З.(27) од с.Долна Бањица, гостиварско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 26-годишна сопруга дека, поради меѓусебно недоразбирање, упатувал закани на нејзините мајка на социјална мрежа.

Вчера во 12:05 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода Т.Д.(18) од Крива Паланка затоа што физички го нападнал неговиот татко.

Вчера во 00:45 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода Е.В.М.(49) од Крива Паланка затоа што физички нападнал 16- годишник, син на неговата сопруга.

Вчера, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода И.Р.(33) од битолско село, затоа што, според пријавеното, во семејниот дом физички ја нападнал неговата 25 - годишна сопруга.

Вчера во 14:30 часот во ОВР Прилеп, 45 - годишна прилепчанка пријавила дека во семејниот дом во Прилеп била физички нападната од нејзиниот сопруг Е.Ш..

Синоќа во 23:15 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода О.Л.(44) од Охрид затоа што претходно во семејниот дом физички ги нападнал неговата невенчана сопруга и нивното малолетно дете.

„Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави“, посочија од МВР.