Вчера почина 18-годишна пациентка, мајка на 6 месечно бебе

Девојка на 18-годишна возраст која се породила во март е најмладата жртва од Ковид 19 наведена во вчерашниот билтен, потврдија за Телма од Министерството за здравство. Жената починала на Инфективна клиника во Скопје каде била донесена во тешка здравствена состојба, а според информациите немала други хронични заболувања. 

Освен 18 - годишната пациентка, во текот на вчерашниот ден животот како последица на Ковид 19 уште двајца млади пациенти. Првиот на 31 годишна возраст кои според информациите од Министерството за здравство имал невролошки заболувања и пациент на 23 години кое било лице болно од церебрална парализа. 

Дел од медиумите денес пренесоа дека трите починати пациенти биле без примена вакцина.