Важни сервисни информации за денеска: Еве каде ќе нема струја, а каде вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска (среда), без електрична енергија ќе останат:

-Во периодот од 08:15 до 10:30 часот, корисниците дел од с.Глумово, Шишево и Матка. (Општина Сарај)
-Во периодот од 08:30 до 14:30 часот, корисниците дел од ул.Партениј Зографски, од бр.65 до бр.77 (Општина Центар)
-Во периодот од 08:30 до 15:00 часот, корисниците дел од ул. 531 и дел од ул. 532 (Општина Илинден)
-Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од ул.Хераклеја, ул. Никола Пушкаров, ул. Браќа Чакреви (Општина Ѓорче Петров). 

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска (среда) поради реконструкција на резервоарот во Копаница и поради полнење за пробно испитување на левите комори, прекинато водоснабдување ќе имаат населените места Копаница и Буковиќ. 

Прекинот ќе биде од 09:00 часот до завршување на активностите. 

Утре, поради водоводен приклучок од ф 80мм на ул.Христо Ботев бр.3 прекинато водоснабдување ќе имаат и корисниците од ул.Христо Ботев, Ташко Караџа,Бапчор и Трифун Хаџијанев од 09:00 часот до завршување.(Гази Баба)