Важни лекции кои можеме да ги научиме од децата: За среќа ни е потребно многу малку

Ако погледнеме во животот на децата, ќе видиме разиграни и весели личности кои се радуваат на сите мали ситници во животот.

Photo by Austin Pacheco on Unsplash

Ако погледнеме во возрасните, ќе забележиме болка, очај, страв и вознемиреност. Како станавме луѓе кои се толку исплашени од животот и новите нешта?

Одговорот е некогаш едноставен: животот не е лесен кога растеме и со секоја тешкотија, нашиот карактер се менува и полека ја губиме онаа наивност која сме ја имале како деца. Но, ако погледнеме наназад, сепак постојат многу важни работи кои можеме да ги забележиме и научиме од децата, па и да ги примениме во нашето секојдневие.

Живот без ограничувања

Колку повеќе знаеме, толку повеќе се ограничуваме себеси. Се ставаме себеси во некоја рамка по која функционираме и од која ни е тешко да излеземе. Но, кај децата е поинаку. Тие не се плашат да бојат надвор од линиите, да мечтаат и да измислуваат нови работи. Што и да се случи, тие брзо забораваат.  Од нив можеме да научиме како да се остане позитивен и насред сите тешкотии.

Поставување прашања

Луѓето не сакаат да поставуваат прашања бидејќи мислат дека другите така ќе ги сметаат за недоволно паметни или компетентни. Но, тие ја имаат љубопитноста и храброста да поставуваат прашања. Така учат и ги впиваат информациите и никогаш не ја губат желбата да научат нешто ново.

Брзо заборавање

Што и да се случи, децата ја имаат способноста да го променат фокусот од едно на друго и брзо да заборават што се случило. Тие можеби ќе направат драма во моментот, но потоа брзо ќе го сменат својот начин на размислување и ќе се префрлат на нешто друго. Од друга страна пак, возрасните се поинакви. Тие ќе поминат цел ден, недела, па дури и месеци опседнувајќи се со нешто што се случило, а на што немаат никакво влијание.

Искреност

Децата немаат потреба да глумат или да кријат нешто, тие се искрени. Кога му пристапуваат на ново другарче, тие не се менуваат, туку се свои во својот пристап и така лесно се приспособуваат на новите луѓе. Не мислат дека треба да се сменат за некој да ги сака  и прифати, туку се држат до своето јас.