Важни информации за однесувањето за време на полицискиот час

Најновото соопштение од Град Скопје:

- Во летоците што ги подготвивме за Вас, прочитајте ги новите насоки за подигање на отпадот од домаќинствата и за работата на инспекциските служби на Град Скопје и на Архивата.

Информирајте се за новиот возен ред на автобусите на ЈСП и за саатниците за изнесување на милениците, во услови на вонредна состојба и полициски час.

Доколку имате потреба, побарајте помош и поддршка од мобилните тимови на Црвениот крст за набавка на лекови, прехранбени продукти и средства за лична хигиена за ранливите категории граѓани.

Градот Скопје изминатиов период го прилагоди работното време на своите служби и на јавните градски претпријатија со единствена цел - да го заштитиме здравјето на граѓаните од ширењето на корона вирусот.