ВАСКО Е ХЕРОЈ НА ДЕНОТ: Спаси две кучиња заглавени во замрзнатото езеро во Градскиот парк

Несекојдневна ситуација се случила во градскиот парк во Скопје каде момче по име Васко скокнал и спасил две кучиња заглавени во замзнатата вода во едно од езерата.

Видеото на социјалната мрежа Фејбук го објави Сара која објави дека била сведок на целата оваа случка пишувајќи дека се уште има хумани луѓе.

-Пред малку бев сведок на една прекрасна хумана случка која што се случи во Градски парк во Скопје.

Имено, како што можете да видите на видеото, млад дечко спасува две кучиња кои се заглавија во замрзнатата вода. Иако кучињата не беа во негова сопственост дечкото без размислување со ризик скокна во водата и ни докажа на сите дека во ова време невреме сепак постојат хумани луѓе кои што ни ја враќаат надежта и вербата во човештвото.

ВАСКО е името на херојот на денот‼️‼️

П.С. На видеото е прикажано спасувањето на едното куче, додека другото е на средината од езерото, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.

Во секој случај едно големо браво и за Сара и за Васко бидејќи без нив немаше да дознае јавноста дека се уште има хумани луѓе со грижа за животните (додека градските власти не мрднуваат со прст), нуту пак ќе го дознаевме херојот на денот по име Васко!