
Еден од македонските најпознати македонски актери, Васил Зафирчев, синоќа сподели емотивна објава на Фејсбук.
Во неа, тој за јавноста обзнани дека го загубил татка си, после кратко и тешко боледување.
„Во чест на татко ми, Трајче Зафирчев, кој денес, после кратко и тешко боледување, го испративме на неговото последно патување. Денес, боли само времето непоминато со него, пропуштените мигови, неслучените прегратки и зборовите кои останале неизговорени во честите животни отсуства, заради мојата и неговата професија поврзана со патувањето. Сето останато е вечно сегашно време исполнето со бескрајна љубов и најубави спомени, кои засекогаш ќе живеат во моето сеќавање на него, но и во неговото наследство во мене. До еден ден кога повторно ќе се сретнеме во вечната светлина! Среќен пат до дома татко мој, напиша Зафирчев.