Вашиот круг зборува многу за вас: Ние сме одраз на петте луѓе со кои поминуваме најмногу време

Постои една интересна идеја, а тоа е дека сме одраз на луѓето со кои поминуваме најмногу време.

Photo by Chang Duong on Unsplash

 

Тоа не е поради тоа што ги копираме, или пак бидејќи ја губиме својата индивидуалност, туку поради тоа што тие луѓе се како наше огледало. 

Полека почнуваме да ги усвојуваме темите за кои зборуваат луѓето околу нас, нивниот однос кон светот, начинот на кој се справуваат со проблемите, дури и нивните очекувања од животот. Ако сме опкружени со луѓе кои се љубопитни, храбри и отворени, и самите полесно се движиме во таа насока. Ако сме опкружени со цинизам, страв или постојано незадоволство, и тоа остава трага.

Затоа вреди понекогаш да не се прашуваме само каде сакаме да стигнеме, туку и со кого го поминуваме патот.

Кои се луѓето чии зборови најчесто ги слушаме? Кои се оние на кои им ги доверуваме своите мисли? Кои се луѓето по една долга средба со кои се чувствуваме полесно, пошироко и повеќе свои?

Нашите животи не ги градат само големите одлуки. Ги градат и разговорите на кафе, пораките што ги читаме секој ден, пријателствата што ги негуваме и луѓето што ги пуштаме блиску до себе.

Можеби затоа изборот на луѓе е една од најважните животни одлуки што ретко ја препознаваме како таква.