Уживајте во животот!

Уживајте во животот! Прегрнете го со двете раце, стиснете, протресете и ценета ја секоја секунда. Сакајте ги вашите деца. Вие навистина немате поим каква среќа е да ги брзате наутро за да ги измијат забите. Прегрнете ги вашите најмили и ако тие не можат да ве прегрнат, најдете некој што може. Секој заслужува љубов и возвратени чувства. Не прифаќајте ништо помалку од тоа. 

Најдете работа која ќе ви донесе радост. И не бидете робови на работата. „Би сакал да работам повеќе“ не е нешто што ќе ви биде напишано на вашиот гроб. 

Танцувајте, смејте се и јадете со пријателите. Вистинското, искрено и силно пријателство е апсолутна среќа и нешто што можеме сами да го избереме. Внимателно, многу внимателно избирајте ги вашите пријатели, буквално како да барате богатство. 

Опкружете се со убави работи. Животот е полн со тага и болка, но пронајдете го своето виножито и не дозволувајте му да си оди. Убавината е насекаде, само понекогаш мора малку повнимателно да погледнете за да ја забележите.

Шарлот Китли, „Писмо до оние кои остануваат“