Ужасна смрдеа од запалена депонија во Ново Село: Жителите на Ге-Ге се гушат среде лето

Секоја вечер жителите на Даме Груев (Ге-Ге) се жалат на неподнослива и ужасна смрдеа од запалената депонија кај Ново Село. 

Тие се прашуваат дали некој од градските и општинските власти некогаш ќе реагира на ваквата неподнослива ситуација. 

Иако е многу топло надвор, тие не можат да проветрат за свеж воздух, бидејќи реата веднаш навлегува во нивните домови.