Ужас вчеравечер во Штип: Млад маж ја убил партнерката и сам се пријавил во полиција

Ново убиство ја потресе Македонија. Доцна синоќа млад штипјанец си ја убил партнерката. 

Вчера околу 20.15 часот во Полициската станица во Штип дошол Ф.З. (25) од Штип и пријавил дека ја убил неговата партнерка Е.П. (29) од Штип и посочил дека телото се наоѓа во објект во Штип“, велат од МВР.

Од страна на полициски службеници телото е пронајдено.

Направен е увид на местото на настанот во присуство на дежурен јавен обвинител.