Ужас: 20-годишен жител на Дебар силувал малолетничка

Вчера во 18:30 часот полициски службеници од Дебар го привеле 20-годишниот Е.Ф. кој се сомничи дека извршил силување врз малолетничка.

„Со малолетничката бил извршен разговор во присуство на претставници од Центарот за социјални работи и по целосно документирање на настанот, против Е.Ф. ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираше Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид.

Инаку, ова е прв ваков случај во последните неколку години.