
Приведено лице од Битола кое било барано со потерница за издржување казна затвор.
Од МВР информираа дека денеска во 10:40 часот, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка - Одделение за потраги/Отсек за потрага по цел, по претходно добиено оперативно сознание, а во содејство со СВР Битола, го привеле лицето Р.З.(57) од Битола.
Тој бил баран со централна потерница, бидејќи бил осуден на казна затвор.